2020 Volkswagen T-Roc кабриолет забележан на шпионски фотографии

Volkswagen ја подготвуваат кабриолет верзијата на нивниот T-Roc SUV, која била забележана на шпионски фотографии пред нејзиното појавување на пазарот во 2020.



Моделот бил потврден уште во февруари 2018, а сега за прв пат можеме да го видиме камуфлираниот во живо. Од сликите се забележува дека се работи за модел со 2 врати и кров од материјал кој се превиткува, а во неговото развивање Volkswagen инвестирале 80 милиони евра.

Се очекува овој модел да биде еден од 20-те SUV модели на VW кои компанијата треба да ги произведе до 2020, и да има огромен успех, судејќи според успехот на стандардниот модел.



При крајот на 2018 треба да се појави и T-Cross, SUV модел базиран на Polo, кој ќе биде во категорија под T-Roc.

T-Roc кабриолетот ќе се произведува во Osnabrück фабриката на VW во Германија, каде порано се произведувал Golf кабриолетот, а сега таму се прават моделите Tiguan и Porsche 718 Cayman.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.10.2018 15:42:49