Футурама

Нов тест за дроги функционира со земање на отпечаток од прст

Рушејќи ја парадигмата на стресни земања на примероци крв од вена и засрамувачко земање на примероци урина, нова платформа за тестирање на присуство на дроги во крвта е развиена од хемичари од UEA, која може да детектира дрога од 4 големи класи за само 10 минути, со помош на отпечаток од прст.



Базиран на над 10 години истражување, овој нов интелигентен систем користи антитела за да ја анализира потта префрлена од отпечаток на прст, за да открие присуство на кокаин, амфетамини, марихуана и опијати.

Платформата е развиена за да овозможи брза информација за живите, но и мртви субјекти, овозможувајќи тестирање со неинвазивно и достоинствено земање на примероци, како и за откривање на временски чувствителните докази во врска со нечија причина за смрт.



Уредот бил тестиран врз 75 случајно одбрани починати личности, каде покажал ефикасност од 98.7% при детектирањето на марихуана (преку детекција на ТХЏ) , 94.7% за кокаин (преку метаболитот БЗЕ), 96% за опијати (преку морфиум) и 93.3% за амфетамини. Ефикасноста кај стандардните тестови на крв инаку изнесува 96, 92, 88 и 97% за истите супстанци.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.10.2018 15:36:43