Футурама

Со паметна технологија до витко и здраво тело

Mirror го претвора стандардниот домашен декор во паметна технологија која ќе ве инспирира да вежбате.

Според зборовите на производителот, се работи за „првата интерактивна домашна теретана со можност за фитнес часови во живо“ во светот.



За тоа е потребно да се има MIRROR членарина, со што се добива пристап до постојано растечката библиотека од часови за кардио и тренинзи за зајакнување, јога, пилатес, бокс и др.

Најдоброто од сè е што истите ги добивате во приватноста на сопствениот дом, а тие може да ги изведува виртуелен инструктор, но возможно е вежбање во живо со останатите членови на MIRROR. Огледалото може и да ги синхронизира податоците врзани за отчукувањето на срцето преку уред за нивно мерење кој има bluetooth конекција или директно од Apple Watch, а може и да пушта музика.



Самото огледало чини $1500, а месечната членарина е $39. За тие пари се добиваат повеќе нешта.

- Пристап до 50+ часови во живо со сертифицирани инструктори секоја недела, и библиотека со разни вежби кои може да се избираа и гледаат 24/7.

- Наскоро се планираат персонални тренинзи со инструктор наменети исклучиво за корисникот

- 12 месечна претплата за часовите

- Бесплатна фитнес алка и уред за мерење на отчукувањата на срцето.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.10.2018 11:38:48