Гласините се точни: Меган и Хари очекуваат принова на пролет

Чудниот избор на облека на Меган Маркл за време на венчавката на принцезата Јуџин, ги подгреа гласините дека војвотката можеби е бремена.



И навистина е! Кесингтон палатата денеска и официјални потврди дека парот треба да го добие своето прво дете на пролет.

-Нивното кралско височество ја цени целата поддршка што ја доби од луѓето ширум светот од венчавката во мај и се мошне среќни што може да ги споделат убавите вести со јавноста, стои во соопштението.



Веста за бременоста на Маркл доаѓа по нејзиното пристигнување во Сиднеј каде што заедно со принцот Хари ја започнаа својата прва голема интернационална посета од нивната венчавка во мај. 

Според извори блиски на палатата, парот му ја соопштил среќната вест на семејството за време на венчавката на Јуџин.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.10.2018 10:22:41