Disney го објави првиот трејлер за филмската верзија на Aladdin

Disney го објави првиот тизер трејлер од филмската верзија на Aladdin, анимираниот хит од 1992-ра кој заработи повеќе од 500 милиони долари низ светот.



Во новиот Аладин, чија што премиера се очекува на 24-ти мај следната година, ќе можеме да ги видиме Мена Масоунд како Аладин, Наоми Скот како Јасмин, Вил Смит како духот од ламбата и Марван Кензари како лошиот Џафар.

Анимираната верзија на Аладин беше првиот филм што стигнал до заработувачката од половина милијарда долари. Каков ќе биде успехот на филмот допрва останува да видиме.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.10.2018 16:24:25