Уште еден холивудски брак на стаклени нозе

Ако им се верува на инсајдерските информации, бракот на Бредли Купер и супер моделот Ирина Шајк, во последно време поминува низ криза.



И додека кариерата на Бредли оди во нагорна линија поради филмското остварување со Лејди Гага, „A star is born“, врската со Ирина оди во спротивниот правец. Двојката беше забележана во Њујорк на прошетка заедно со ќерката Леа. Сепак, наместо да споделат насмевки изгледаа како да се лути еден на друг.



Според пишувањата на медиумите парот „се чувствува мизерно во бракот“ пред сè поради нивните различни потреби. Купер е сосема повлечен, додека Ирина сака да се забавува. Неодамнешната заедничка вечера, е уште еден доказ за тоа.

- Не изгледаа среќно...Одвај прозбореа на почетокот од вечерата. На половина од вечерта таа почна да гледа на страна, а тој беше лошо расположен, открива анонимен избор.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.10.2018 13:20:31