Футурама

Австралија е првата земја која е на работ целосно да го елиминира ракот на матката

Австралија наскоро може да стане првата земја во светот која ќе го елиминира ракот на матката, според нова студија која покажува дека моменталната национална програма за превенција функционира исклучително ефикасно.

Резултатите од студијата покажуваат дека за само 2 години појавата на овој рак ќе биде на толку ниско ниво, што истиот ќе се смета за редок вид на рак, а тоа би значело околу 6 нови случаи на 100 000 луѓе.



До 2028-ма, тимот предвидува дека оваа бројка ќе се намали уште повеќе, на помалку од 4 случаи на 100 000 луѓе, со што ќе се смета дека овој вид на рак е елиминиран.

Дури и доколку Австралија продолжи со исти напори за превенција какви што се и сега, до 2034-та ќе има помалку од 1 смртен случај на 100 000 луѓе.

Овие бројки се базираат на студија правена според разни генерирани модели, каде истражувачите користеле вистински податоци за да ја предвидат појавата на овој вид на рак помеѓу 2015-та и 2100-та година, базирани на различни сценарија.

Според Светската здравствена организација, ракот на матката е четвртиот најфреквентен рак кај жените и има исклучително висок степен на морталитет, а причината за тоа е што има малку симптоми кои обично не се забележуваат сè додека не е предоцна.



Она што најмногу зачудува е што ракот на матката воопшто и не мора да е смртоносен, бидејќи имаме алатки за да ја спречиме неговата појава со давање на луѓето пристап на вистинскиот вид на превенција, која вклучува вакцинација против човечкиот папиломавирус (HPV).

Деведесет и девет од сите ракови на матката се предизвикани од инфекција со HPV, кој е вообичаен вирус од кој заболуваат 80% од луѓето во текот на животот, а најчесто е бениген. За жал, во оние случаи каде инфекцијата предизвикува промени во клетките на матката, подоцна се развива ракот.

Што е тоа што Австралија го прави поразлично од другите? Земјата има сериозна стратегија започната во 1991-ра која ги охрабрувала сексуално активните жени на возраст над 18 години да прават пап брис секои 2 години, но најрадикалниот потег дошол во 2007-ма кога тинејџерките биле охрабрени да примаат бесплатна HPV вакцина, што било толку ефективно што истата програма била започната и за машки во 2013-та.

И другите земји имале слични програми со вакцинација но не биле бесплатни – во САД, на пример, целиот третман може да чини до $450.

Минатата година Австралија ги заменила пап брисовите со проверки на матката за HPV, што во комбинација со вакцината се предвидува дека ќе ја редуцира појавата на ракот за 30%.  И покрај предвидениот прогрес, земјата мора да продолжи да се фокусира младите луѓе да ја примат HPV вакцината, како и да се охрабруваат постарите кои не ја добиле имунизацијата да се проверат.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.10.2018 12:52:23