Кога сте турист во нов град, посетата на познати згради и разни обележја за да се научи нешто околу нивната историја е дел од искуството. Но, за локалното население, често пати тие обележја се извори на фрустрација – дали поради нивната историја или лошата дизајнерска естетика.
1) Статуата на Петар Велики – Москва, Русија
Направена од 600 тони бакар, челик и бронза, оваа 98 метри висока статуа била нарачана од рускиот политичар Јури Лужков во 1990-тите, за која локалците во интервју за BCC изјавиле дека им е „одвратна“ и дека е „најгрдата статуа на крајот на 20-тиот век“. Цената на нејзиното потенцијално преместување е проценета на 10 милиони долари, па најверојатно нема да биде поместена во скоро време.
2) Empire State Plaza – Албани, Њујорк
Конструкцијата на овој плоштад траела oд 1965 до 1978, при што биле раселени 9000 локалци, а откога бил завршен на луѓето воопшто не им се допаѓал (го нарекувале „кошмарен“) – а истото се случува и ден денес, кога мислењето за него сè уште е поделено.
3) Споменикот на Виктор Емануел II – Рим, Италија
Изграден во почетокот на 20-тиот век, на овој споменик локалците му дале полно прекари, како „машина за куцање“, “вештачка вилица“, “свадбена торта“ и др. Италијаните го сметаат за преголем и во погрешна боја на мермер, но туристите го обожаваат.
4) Парламентарната зграда – Букурешт, Романија
Романскиот диктатор Николае Чаушеску го искористил разорниот земјотрес во 1977 да сруши поголем дел од градот Букурешт за да ја изгради зградата на Парламентот, раселувајќи 40 000 луѓе во тој процес. Секоја зграда во радиус од неколку километри била демолирана и повторно изградена во стил кој се совпаѓа со него, а голем дел од работата бил завршен со присилна работна сила.
Чаушеску бил егзекутиран во 1989, финализирајќи го падот на комунизмот во Источна Европа, но палатата не била комплетирана сè до 1994. Денес, во неа се наоѓа Националниот музеј на современа уметност, а локалците даваат тури споделувајќи ги нивните искуства од времето на бруталното владеење на Чаушеску.
5) Планината Рашмор – Кистон, Јужна Дакота
Скулптурите во оваа планина биле изработувани од 1927 до 1941. Lakota Sious племето ги сметало овие ридишта za свети и дел од нивните приказни, па се противеле на вајањето на планината со ликовите на четирите претседатели на САД кои го оправдувале геноцидот врз нивната популација.
И покрај тоа, ова обележје денес е популарна дестинација – скоро 2.5 милиони луѓе ја посетиле во 2016.