Футурама

8K Flexwarm облека која се загрева преку апликација

Flexwarm е „паметна“ облека на компанијата 8К која има вградено грејачи кои можат да се контролираат преку апликација на вашиот смартфон.



Самата облека во себе има вградено лесни “powerbank”-ви од 7500mAh кои овозможуваат многу часови топлина, како и полнење на мобилните уреди чија батерија е при крај.

Специјално дизајнирана да е различна од конкуренцијата, 8K облеката која се загрева е способна за постигнување температура од 50°C за само 6 минути.



Колекцијата за есен/зима 2018 ќе претстави нови дизајни создадени во Европа, кои ќе можат да се носат во секакви временски услови, а нудат совршен баланс помеѓу топлина, тежина и модерен стил. Ова е постигнато со Flexwarm технологијата, односно флексибилен систем за загревање тенок само половина милиметар кој е испринтан директно во материјалот и е ултра-лесен. Облеките ќе ги има во разни бои и 3 стила за мажи и жени, по цени од $250 до $350.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.10.2018 10:38:00