Би можеле ли да замислите подобра Барбика од неа?

Австралиската актерка, Маргот Роби, е во преговори за улогата на една од најпопуларните кукли на светот, Барби.

Роби треба да се појави и како продуцент на филмот заедно со претседателот на Mattel, Роби Бренер. „Barbie“ претходно требаше да биде снимен од страна на Sony, но по откажувањето на Ејми Шумер, Mattel ги врати назад правата за снимање на филмот.



Сега проектот најверојатно ќе му биде доделен на Warner Bros. Сè уште останува непознато дали филмот ќе се снима по првично замисленото сценарио, за несовршената Барби која го остава животот на кој е навикната и тргнува во авантура, или пак треба да се очекува нова приказна. Шумер, која беше мошне возбудена околу филмот, се повлече бидејќи не успеа да ги усогласи своите работни обврски.

-За жал поради големите обврски нема да можам да ја глумам Барби. Филмот е многу добар и Sony и Mattel беа прекрасни партнери. Ова ме растажи, но се радувам што наскоро ќе гледам Barbie на филмското платно, изјави таа.

Иако Ејми е одличен комичар, повеќето обожаватели на глобално популарната Барби се согласуваат околу тоа дека сексапилната Роби, сепак е подобар избор за улогата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.10.2018 13:13:20