Сто години откако била развиена, BCG вакцината продолжува да ги зачудува научниците со нејзиното влијание на човековиот имунолошки систем.
Во последното истражување, тим од лабораторијата за имунобиологија при општата болница во Масачусетс покажал како експонирањето на бактеријата во вакцината може да го поврати нормалното ниво на шеќер во крвта кај пациентите со тип 1 дијабетес (T1D), така што им го зголемува „апетитот“ на белите крвни клетки.
T1D е автоимуна болест каде телото ги напаѓа сопствените клетки кои продуцираат инсулин, а веќе подолго време се верува дека живеење по почисти и поурбани средини влијае на развивањето на болеста. Поточно, редуцираното експонирање на одредени микроби, поголемата употреба на антибиотици, почисти живеалишта и помал контакт со домашни/припитомени животни, ја променило модерната метаболична функција.
BCG вакцината која штити од туберкулоза преку безопасна, ослабната нишка на бактерија во блиско сродство со Mycobacterium tuberculosis, покажала дека има ненамерен, но исклучиво корисен несакан ефект од активирање на целиот човечки имунолошки систем. Претходни истражувања покажале дека вакцината може да помогне на луѓе да се борат против разни состојби, меѓу кои и многу видови на канцери и паразитски инфекции.
Во најновата студија, било направено клиничко тестирање врз мала група возрасни личности со T1D на кои им биле дадени две BCG вакцини со пауза од 4 недели помеѓу нив или пак две плацебо вакцини. По 4 години, оние кои ја добиле вакцината имале просечно ниво на шеќер во крвта помало за 18% од нивното претходно, скоро на ниво како да ја немаат болеста, и тоа без предизвикување на хипогликемиски епизоди (кога нивото на шеќер во крвта паѓа под нормалните граници).
По дополнителни истражувања било заклучено дека BCG предизвикува клетките да се префрлат од оксидативна фосфорилација (вид на пренос на глукозата во крвта), на помалку ефективен процес наречен аеробна гликолиза, со што се намалувало таложењето на шеќерите во крвотокот поради недостаток на инсулин.
Било откриено и дека белите крвни клетки на пациентите со T1D консумирале помалку глукоза отколку оние на луѓето без болеста, слично како кај пациентите кои имале помала експонираност на микроби во раниот период од животот. Тимот истражувачи смета дека нивните откритија ќе отворат пат за дополнителни, уште поголеми студии на третманот на T1D со BCG вакцината.