Социjалната мрежа „ Google+ “ ќе биде ставена вон функција, откако во март беше откриена аномалија, што можеби ги изложила на опасност личните податоци на скоро половина милион корисници, соопшти компанијата на својот блог.
Во „ Google+ “ автоматски се вклучува секој што има профил на „Gmail“.
Според „Волстрит Џурнал", овој пропуст им овозможил на 438 надворешни апликации без дозвола да собираат податоци за корисниците, како што се имиња, меил адреси, професија, пол и возраст.
Компанијата истакнува дека нема наводи за злоупотреба на податоци.