Футурама

Lifeprint Instant Print Camera за iPhone

За повеќето смартфонот е единствениот апарат за сликање фотографии и видеа кои го поседуваат, а тие материјали обично се споделуваат на социјалните мрежи. Но, што ако сакате некои фотографии да ги отпечатите?



Lifeprint Instant Print Camera е идеалниот гаџет за печатење на фотографии директно од вашиот iPhone – се работи за мал печатач кој се закачува за самиот телефон и го трансформира во уред за инстантно печатење и креирање на слики.

Комбинирајќи дигитална и аналогна технологија, Instant Print камерата доаѓа со Augmented Reality Hyperphoto технологија која ги „оживува“ сликите така што на корисниците им дозволува да снимат кратко видео и да го споделуваат по социјалните мрежи преку Lifeprint апликацијата, па така секој кој го има Instant Print Camera може да го отпечати. На сликите и видеата можат да им се додаваат филтри, како и комплетно да се едитираат преку специјалниот софтвер.



Дизајнот на овој печатач не смета при користењето на телефонот, а е компатибилен и со повеќето заштитни футроли за iPhone, што значи истите не треба да се отстранат за телефонот да се стави во него.

Сите фотографии се печатат на хартија со големина од 5x7.5cm, уредот чини $150.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.10.2018 10:39:08