Audi SQ2 SUV претставен во целост

Audi официјално го претставија новиот SQ2 SUV пред неговото деби на Paris Motor Show.

Тој го користи 2.0 литарскиот, 4-цилиндричен мотор од Volkswagen Golf R со моќност од 300 коњски сили, а има quattro погон на сите тркала кој му помага да забрзува од 0-100км/ч. за 4.8 секунди, со максимална брзина ограничена на 250 км/ч.



Визуелно, SQ2 е сличен со стандардната Q2 S серија. Новата предна решетка сега ја има уникатната формација со 8 вертикални шипки, додека новиот преден сплитер и отвори за воздух му даваат поспортски изглед. Сите модели ќе имаат LED фарови напред и назад, покрај спојлерот на кровот. Купувачите ќе имаат избор од 10 бои за каросеријата, како и од 18 или 19-инчни бандажи.

Внатре, сите модели ќе имаат стандардни спортски седишта и алуминиумски трим, со педали направени од нерѓосувачки челик. Останатата стандардна опрема вклучува централен наслон за рацете, контрола на климата и мултифункционален волан. Како дел од Technology пакетот на располагање ќе биде Virtual Cockpit-от на Audi со дигитални брзиномери и HUD дисплеј.

Подоцна може да се појави и помоќен модел со 4-цилиндричниот мотор од 400 коњски сили од моделот RS3, кој би го носел беџот RS Q2.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 08.10.2018 16:50:40