Футурама

Во теретаните на иднината ќе се вежба во виртуелна реалност

Дали виртуелната реалност би можела да ни помогне подобро да тренираме?

Според ново истражување од универзитетот Кент во Англија, одговорот е најверојатно потврден, со тоа што оние на кои им се лоши кога се во возило во движење, ќе треба да ја надминат таа состојба.

Во оваа нова студија, истражувачите ги анализирале перформансите на партиципантите додека кревале тегови користејќи VR уред кој го симулирал нивното опкружување. Била направена серија тестови каде од нив било барано да држат тег во свиткана положба на раката (изометриската контракција на мускулот со лактот свиткан на 90 степени) најдолго што можеле, додека притоа им била прикажувана различна околина со цел да им се оттргне вниманието од болката.

Оние кои ги носеле VR уредите имале помал број на отчукувања на срцето за време на тренингот, помал интензитет на болка и помал перцепиран напор во споредба со контролната група која не тренирала во VR опкружување. Дополнително, VR групата имала подолг период додека им настапи исцрпување – 3 минути повеќе отколку нормалниот.



Ова значи дека VR технологијата потенцијално би можела да им помогне на оние со срцеви проблеми да вежбаат со цел да го зајакнат срцето, без да бидат подложени на ризик од разни компликации.

Таа би била корисна и за сите други вежбачи бидејќи помалиот интензитет на болка и пролонгираното време до исцрпување значи дека ќе може да вежбаат поинтензивно и подолг период.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 05.10.2018 14:45:01