Футурама

Поврзани мозоци на 3 луѓе кои си ги делеле мислите

Невролозите успешно поврзале мозоци на 3 луѓе кои си ги делеле мислите – во овој случај, играле видео игра слична на Тетрис.



Тимот научници смета дека овој експеримент би можел да се примени на цели мрежи луѓе, а функционира преку комбинација на електроенцефалограми (ЕЕГ) за снимање на електричните импулси кои индицираат мозочна активност, и транскранијална магнетна стимулација (ТМС) каде невроните се стимулираат со магнетни полиња.

Новиот систем бил именуван BrainNet (мозочна мрежа) и би можел да се користи за поврзување на различни умови, дури и преку интернет. Покрај отворање на нови методи за комуникација, BrainNet би можел да нè научи повеќе околу функциите на мозокот на многу подлабоко ниво.

Во експериментот, два „испраќачи“ биле поврзани со ЕЕГ електроди и од нив било побарано да играат видео игра слична на Тетрис, со форми кои што паѓаат и каде требало да одлучат дали секоја форма треба да се ротира или не.



За тоа да го постигнат, од нив било побарано да гледаат во една од двете трептачки LED-ови на секоја страна на екранот, од кои едната трепкала на 15Hz а другата на 17Hz – што создавало различни сигнали во мозокот кои ЕЕГ-то можело да ги забележи.

Нивните избори потоа биле насочувани кон еден „примател“ кој носел TMS капа која можела да генерира фантомски блесоци светлина во неговиот мозок, познати како фотосфени. Примачот не можел да ја гледа целосната област каде што се одвивала играта, но морал да ги ротира формите доколку му бил испратен светлосен сигнал.

Низ 5 различни групи на луѓе, просечната прецизност била 81.25%, што е сосема задоволително со оглед на тоа што се работело за прв обид со ваквиот експеримент.

Додека сегашниот систем може да пренесува само еден „бит“  податоци, тимот се надева дека истиот ќе може да се прошири во иднина, со што би се испраќале многу покомлексни сигнали.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 05.10.2018 14:41:24