Том Круз шест години не ја видел својата ќерка поради религиозни причини

Том Круз шест години не ја видел својата ќерка Сури, од бракот со Кејти Холмс, бидејќи таа не припаѓа на Сциентолошката црква, објави „US Weekly“.



Малата Сури денес има 12 години, а нејзиниот татко иако има право да ја гледа 10 дена во месецот, одлучил да нема никаков контакт со неа, според извор кој претпочита да остане анонимен.

Кејти и Том се разведоа 2012 година, по шест години брак, наводно поради неговата религија, а потоа актерката доби старателство над нивната ќерка.

Извор:  МИА
Објавена на 04.10.2018 17:06:35