Футурама

NASA во нова потрага по вонземски живот

NASA ќе ги таргетира „техно-потписите“ во нејзините нови напори да детектира вонземска цивилизација.

Техно-потписи едноставно се докази за постоење на технологија и се ефекти или т.н „потписи“ на употреба на било каков вид на технологија.



Оригиналната потрага за вонземски цивилизации беше проектот SETI, кој се состоеше од потрага по радио сигнали намерно испратени од некоја цивилизација. Новите истражувања ќе вклучуваат потрага по ненамерни сигнали кои би докажале постоење на некаква технолошка цивилизација.

Ваквите потписи вклучуваат ласерски емисии, индикации за масивни мега структури како Дајсонови сфери како и атмосфери со голема загаденост. Тука би спаѓало и детектирањето на мега градови на други планети преку нивниот топлотен потпис и детектирање на сателити кои орбитираат околу други планети.

Во сите овие случаи, било какви техно-потписи нема да бидат лесно забележливи, туку ќе бидат потребни напредни техники за да се одреди дали се работи за таков вид на потписи, или за нешто со природно потекло.

Поради тоа, NASA одржа работилница каде беа дискутирани сите овие теми и чија цел беше да се разбере како NASА може да го поддржи ова научно поле преку разни партнерства со приватни и филантропски партнери.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.10.2018 15:13:05