7 причини поради кои е добро да имате ѓумбир во својата кујна

Нутриционистички, овој зачин е вистинска ѕвезда. Во цела шолја ситно исецкан ѓумбир има само околу 80 калории, помалку од 18 грама јаглехидрати, и околу 2 грама влакна и протеин, како и витамини и минерали како железо, витамин Ц, калиум, магнезиум, и цинк. Ѓумбирот нуди полно здравствени придобивки, од кои дел се:

1) Го смирува гадењето



Истражувањата сугерираат дека ѓумбирот може да го излечи гадењето предизвикано при патување со возило, бременост, па дури и од хемотерапија.

Студии покажале и дека ѓумбирот имал слична ефикасност со дименхидринатот (активната состојка во лековите против лошење при возење) при превенција на гадењето кај бремените жени.

2) Ги редуцира подуеноста, гасовите и запекот

Ѓумбирот помага при разни гастроинтестинални проблеми благодарение на дигестивниот ензим наречен зингибаин кој му помага на телото да го разложи протеинот.

3) Помага против инфекциите

Ѓумбиролот – активната состојка одговорна за вкусот на ова растение – помага во борбата против вирусите, а било откриено дека свежиот ѓумбир е поефективен во тоа во споредба со сувиот.

4) Ги намалува менструалните грчеви

Студија во која партиципантите 4 пати дневно во период од 3 дена земале капсули со ѓумбир во прав од 250 милиграми покажала дека тој е ефективен како ибупрофенот кога станува збор за намалување на болните менструални грчеви.

5) Како и воспалувањата



Ѓумбиролот е антиоксидансот кој помага за редуцирање на воспалувањата, т.е инфламацијата. Една студија покажала и дека дневна суплементација со ѓумбир ги редуцира болките во мускулите предизвикани од вежбањето

6) Штити од рак на дебелото црево

Една мала студија од 2011-та сугерира дека суплементите со ѓумбир служат како превенција против колоректалниот канцер, а партиципантите во неа земале големи дози – 250 милиграмски капсули, 8 пати дневно.

7) Помага при слабеењето.

Разни истражувања покажале дека термогенезата и намалување на гладот било забележано по консумирање на ѓумбир.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 28.09.2018 11:17:26