Омнибус

Вили на Босфор се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул, се ставени на продажба, а цената на некои достигнува и 95 милиони долари. Меѓу нив има и 40 историски објекти, пишува „Хуриет дејли њуз".



Веднаш до брегот на Босфор се распоредени вкупно 600 првокласни вили, од кои 366 се класифицирани како историско наследство.

Освен вилите, понудени се и 40 апартмани со цени од 1,7 до 12 милиони долари. Најатрактивни се имотите во квартовите Бебек и Еникој во европскиот дел и Ваникој, Кандили и Анадолухисар во азискиот дел на Истанбул.

Извор:  МИА
Објавена на 26.09.2018 11:24:29