Курц повторно повика граѓаните да гласаат на референдумот

Скопје, 20 септември 2018 (МИА) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска преку видео порака повторно ги повика граѓаните на Македонија да излезат на гласање на референдумот на 30 септември.
- Австрија е важен пријател и партнер на Македонија. Се надевам на позитивен резултат од референдумот, на активно учество од граѓаните и со тоа решение на европската перспектива. Јас не можам да ja донесам вашата одлука, но како пријател на Македонија, се надевам на правилна одлука и на европски развој, порача Курц.
Австрискиот канцелар истата порака ја упати и за време на посетата на Македонија на 7 септември. Тој го поздрави постигнатиот договор со Грција, а неговото прифаќање на референдумот, како што нагласи, е голема шанса за европерспективата на Македонија и за целиот регион.

Извор:  МИА
Објавена на 20.09.2018 15:02:43