Хамес објасни зошто ги испровоцира навивачите на Бенфика (видео)

Лисабон, 20 септември 2018 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Хамес Родригез објасни зошто ги провоцирал навивачите на Бенфика на натпреварот од првиот круг на групната фаза во Лигата на шампионите.

Средбата заврши со резултат 2:0 во корист на гостите од Минхен.

Колумбиецот на излегување од теренот при неговата смена, кон публиката ја подигна раката и и ги покажа петте прсти.



- Пред седум години, Порто ја победи Бенфика со резултат 5:0, иако не треба да му придавате значење на ова. Јас сум поранешен играч на Порто мене не ми се допаѓа што мене ме исвиркуваат. Но јас мислам дека сето ова е нормално, изјави Родригез.

Извор:  0
Објавена на 20.09.2018 12:22:29