Работи кои лошо влијаат на здравјето на забите и устата

Ако има еден дел од телото кој често пати е запоставуван повеќе од останатите, тоа е устата.

За одржување на нејзиното здравје е потребно многу повеќе од миење на забите еднаш во денот, бидејќи таа побарува постојано внимание. Во прилог следат неколку работи кои лошо влијаат на здравјето на устата и забите:

1) Пиење вино



Црвеното, но и било кое друго вино, може да го еродира енамелот на забите и да доведе до нивна дисколорација. Затоа, по консумирањето вино исплакнете ја устата со вода за да се намалат шансите за ова.

2) Пирс на јазик, усни или образ

Овие пирсови можат со тек на време да ги оштетат забите и непцата во нивна близина, што може да доведе до фрактура на некои од забите, па дури и до губење на чувството за вкус.

3) Миење на забите веднаш по јадење храна со киселински својства



Кога ги миеме забите веднаш по консумирање на ваква храна (како сок од портокал и останати цитрусни продукти), постои шанса тоа да предизвика оштетување на забите бидејќи таа храна го оштетува енамелот, па четкањето на така ослабнатиот енамел може да го еродира. Затоа, специјалистите препорачуваат да се почека најмалку 30 минути по оброкот за да се измијат забите.

4) Нередовно одење на забар

Повеќето го избегнуваат одењето на забар освен доколку немаат некоја болка, што е сосема погрешно. Екстремно е важно да се прават забарски прегледи најмалку двапати годишно, а забниот камен да се чисти исто така минимум двапати годишно, препорачливо на секои 3-4 месеци.

5) Грицкање нокти



Константниот притисок на забите и испакнатата вилица при оваа активност може да имаат трајни и штетни последици, како на пример да доведат до оштетување на забите и дисфункционална вилица.

6) Газирани пијалаци

Шеќерестите газирани пијалаци се полни со фосфорни и цитрични киселини, кои доведуваат до ерозија на енамелот.

7) Пушење

Пушењето е екстремно штетно за здравјето, вклучувајќи го и оралното. Сите тутунски продукти ги потемнуваат забите и водат до евентуални болести на непцата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 20.09.2018 10:43:28