Скарлет Јохансон, Џесика Биел и Пенелопе Круз се трите дами во бело кои беа најдобро облечените ѕвезди на 70-то доделување на Еми наградите, кое вечера се одржа во Лос Анџелес.
Jохансон ги скроти своите облини во креација од модната линија на Balmain, Џесика избра необичен геометриски модел од Ralph and Russo, додека Пенелопе му остана верна на Chanel.
Трендот на бели фустани несомнено привлече најголемо внимание, во шаренилото од фустани со потписот на познатите модни дизајнери.
Што се однесува до другите дами кои беа дел од овој настан, сосема очекувано, некои ѕвезди импресионираа со својот изглед, додека други се уште се во потрага на вистинскиот стилист.
Како изгледаше преостанатиот дел од холивудската елита, погледнете во прилог.