ФОТО:Џорџина и децата го бодреа Роналдо од трибините

Кристијано Роналдо вчера два пати ја затресе мрежата на Сасуоло и со тоа му донесе убедлива победа на Јуве, а неговата девојка Џорџина и децата беа на трибините да му ја дадат најголемата поддршка.



Родригез, одлично се снаоѓа како во улогата на мајка, така и на маќеа. Таа се грижеше за близнаците Матео и Ева Мариа, како и за Роналдо Џуниор, додека нивниот татко поентираше на теренот.

Дваесет и три годишната мама, која изгледаше беспрекорно шик, не пропушти да ги подгрее гласините поврзани со нејзината свршувачка со фудбалерот. И покрај тоа што ништо не е официјално, Џорџина носи огромен дијамантски прстен на својата рака, кој за многумина е сигурен знак дека наскоро ќе стапи во брак со Кристијано.


Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 17.09.2018 08:33:03