Бизарни трендови: Со урина до мазно лице?!

Верувале или не, некои луѓе ја користат сопствената урина за да се справат со акните на лицето. Користењето на урината понекогаш оди до таму што некои дури се осмелуваат да ја пијат објаснувајќи дека на тој начин се заштитени од болест, ја одржуваат тежината и се повитални.



Најголемиот виновник за ширењето на овој бизарен тренд несомнено е Youtube, каде што многумина ќе направат буквално се пред камерна, за да добијат што поголема гледаност.

Џулија Силаман, која често постира на овој канал, тврди дека со урината ги излечила акните, ја подобрила дигестијата, а воедно и ја намалила тежината.

-Моето лице беше прекриено со акни, но се двоумев дали да одам на дерматолог, вели таа и додава дека откако запознала човек кој си ја пие урината и изгледа одлично и самата решила да започне со користењето на урината.

-Откако почнав да ја масирам на своето лице, воспалението ми се намали и кожата започна да се измазнува, објаснува Силаман.

Иако таа и многу други тврдат дека овој „лек“ функционира, лекарите препорачуваат да не се експериментира, особено не со нејзино пиење. Урината можеби не е токсична, но во неа се наоѓаат сите непотребни нешта кои нашето тело веќе ги исфрлило. Зошто повторно да ги вратиме во него?



Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 17.09.2018 08:33:42