Футурама

Откриена клучна улога на инсулинот во имунолошкиот систем

Поради болестите како тип 1 и тип 2 дијабетесот, многу работи ни се познати за инсулинот, па така е изненадувачки дека сега е откриено нешто сосема ново во врска со него. Tој овозможува неопходен поттик на нашиот имунолошки систем во борбата против инфекциите.



Истражувачите од истражувачкиот институт од општата болница во Торонто, Канада забележале биолошка патека активирана од инсулинот која ги „напојува“ Т клетките – оние кои испуштаат цитокини кои му кажуваат на остатокот на имунолошкиот систем да биде на „готовс“.

Ова значи дека научниците би можеле да развијат нови начини или за подобрување или за намалување на активноста на имунолошкиот систем, што би се искористило за создавање подобри вакцин или за соочување со последиците од разни воспалителни болести, како и за создавање подобра заштита на оние со висок ризик од разболување кои веќе имаат инсулинска резистентност.



Оние со тип 2 дијабетес (или зголемен ризик од него) или се резистентни на инсулин или не реагираат добро на него – а истиот лабораториски тим веќе имал забележано поврзаност на инсулинот со имунолошките клетки во масните наслаги во стомакот и со хемикалиите кои предизвикуваат воспалувања кога ќе се ослободат.

Таа поврзаност била истражена во нивната нова студија, и тие сметаат дека постои поврзаност помеѓу постојаните, хронични воспаленија, проблемите со нормалното функционирање на имунолошкиот систем на телото и инсулинската резистентност.

Во студијата биле користени генетски модифицирани глувци со Т-клетки на кои им бил отстранет инсулинскиот рецептор (за да се имитира инсулинската резистентност), кои без него не биле способни да се борат против инфекции, вклучувајќи го и H1N1 вирусот на грип.

Според истражувачите, најверојатно инсулинските рецептори му даваат поттик на имунолошкиот систем, помагајќи им на Т-клетките да ги искористат хранливите материи за да може да се справуваат со нападот од странските тела за организмот. Следен чекор ќе биде да се одреди дали истиот процес се случува и во човечкиот имунолошки систем.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.09.2018 09:55:01