Храна која е одличен извор на фолна киселина

Фолната киселина е есенцијална за време на бременоста, но и без тоа е многу важна хранлива состојка. Просечна возрасна личност има потреба од 400 микрограми дневно за да ја одржува енергијата, мускулната сила и концентрацијата, а освен како суплемент ја има и во храната.

Еве во која храна може да ја пронајдете:

1) Грав



Белиот грав со црна дамка има најмногу фолна киселина – половина шолја содржи 105 микрограми, во споредба со „обичниот“ грав чија иста количина содржи 46 микрограми.

2) Брокула

Половина шолја зготвена брокула има 52 микрограми фолна киселина, покрај влакна, калиум и витамин Ц. Нутриционистите препорачуваат зеленчуците како брокулата да се готват на пареа (наместо да се варат), бидејќи фолната киселина е витамин кој се раствора во вода и кој може да премине во неа (со што помала количина ќе биде внесена во организмот, освен ако не се работи за, на пример, супа во која има брокула).

3) Аспарагус



Само 4 стапчиња аспарагус имаат 89 микрограми фолна киселина, а 20 стапчиња се доволни за цел ден.

4) Спанаќ

Половина шолја зготвен спанаќ има 130 микрограми од оваа киселина, што е повеќе од четвртина од дневната препорачана доза.

5) Банани



Една банана со средна големина има 44 микрограми фолна киселина.

6) Јајца

Јајцата покрај 22 микрограми фолна киселина во едно, содржат и протеини кои се исклучително важна хранлива состојка за организмот.

7) Прокељ



Прокељот има 47 микрограми од киселината во половина шолја

8) Говедски црн дроб

Од сите храни кои ги набројавме, говедскиот џигер содржи најголема количина фолна киселина – 215 микрограми во 85 грама.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.09.2018 08:16:46