Футурама

Прототип на бионичко око кое би можело да им го врати видот на слепите

Истражувачи од универзитетот во Минесота направиле прототип на бионичко око кое еден ден би можело да им го врати видот на слепите и да им овозможи „надчовечка“ визија на оние кои можат да гледаат.

За да го направат, тие користеле специјално за таа пригода направен 3D принтер, така што прво била испринтана базада од сребрени честички на внатрешноста од полусферична стаклена купола, а потоа врз сребрена база, од полупроводнички полимерни материјали биле испринтани фотодиодите - уреди кои конвертираат светлина во електрични сигнали.



Целиот процес траел околу 1 час, по што бионичкото око можело да конвертира светлина во електрицитет со 25% ефикасност.

Во скоро време, ова око нема да може да биде трансплантирано во човек бидејќи е стаклено, па сега тимот се обидува да пронајде начин истото да го принта на мек полусферичен материјал како и да му додаде повеќе светлосни рецептори за да му ја зголеми ефикасноста.



Сепак, самиот прототип е значаен чекор напред кон креирањето на бионички очи кои секој би можел да ги користи.

Пред тоа да се случи, ќе мораме и да пронајдеме начин да ги конвертираме електричните сигнали од бионичкото око во нешто што мозокот ќе може да го интерпретира.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.10.2018 11:29:44