Футурама

Успешно тестирана нова вакцина против канцер

Експериментална вакцина која ја подобрува способноста на имунолошкиот систем да се бори против канцер би можела да функционира во тандем со други терапии за борба против агресивни тумори.



Истражувачите тоа го демонстрирале со додавање на молекул наречен дипровоцим во вакцина со чија помош клетките кои се борат против канцерите се привлечени кон локацијата на туморот. Нивните експерименти врз глувци со меланом сугерираат дека овие вакцини би можеле да ги зголемат шансите за опоравување во случаи каде терапијата само со лекови не функционира.

Вакцината исто така го тера имунолошкиот систем да се бори против канцерогените клетки дури и ако тие повторно се вратат (откога еднаш биле уништени), а молекулот е лесен за синтетизирање во лабораторија, како и лесен за модифицирање, што го прави атрактивен за користење во медицината.

Истражувачите ја тестирале вакцината врз глувци со форма на агресивен меланом, на кои им била дадена анти-канцер терапијата anti-PD-L1. Глувците потоа биле поделени во 3 групи по 8 глувци – една група ја добила вакцината, друга вакцината плус дипровоцим, а третата вакцината плус алтернативна терапија со состојката наречена алум.



Во период од 54 дена, групата глувци која добила вакцина плус дипровицим имала 100% успех на преживување, во споредба со 0% кај групата на која им била дадена само вакцината и 25% кај оние кои ја добиле вакцината плус алум.

Понатамошните експерименти покажале дека користењето на дипровоцимот како дополнителна терапија го подобрува потенцијалот на вакцината да се бори против канцерот со стимулирање на имунолошкиот систем да прави клетки наречени тумор-инфилтрирачки леукоцити.

Кога научниците пробале повторно да го ре-етабилираат туморот кај глувците, тоа било неуспешно бидејќи тие веќе биле вакцинирани против него.

Охрабрувачки е што вакцината со дипровоцим не мора да биде инјектирана директно во туморот, туку интрамускулно, а вакцинирањето побарувало две дози дадени во распон од 7 дена.

Понатамошниот план на истражувачите е да прават пред-клинички тестирања со овој дизајн на вакцината за да студираат како таа функционира во комбинација со други терапии против канцери.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 20.09.2018 08:03:01