Dave’s Kitchen: Пица без глутен со тесто од компири

Овој пат нешто поразлично. Пица без глутен, со тесто направено од компири. Да добро прочитавте. Нема ни грам глутен, а сигурно дека пицава ќе ви се допадне и повеќе од оние кои постојано ги консумирате



Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Најпрво излупете го компирот и изрендајте го на ренде, потоа префрлете го во кујнска крпа. Исцедете го изренданиот компир така што силно ќе ја превиткате крпата.

Потоа префрлете го во сад и додадете ги јајцата, ренданиот кашкавал, солта и мелениот црн пипер. Добро промешајте и претурете ја смесата во тавче обложено со хартија за печење. Оформете круг како пица. Печете во загреана рерна околу 25 минути на 220 степени.

Извадете ја од рерна испечената подлога за пица и наредете ги останатите состојки т.е. печурките, кашкавалот, шунката, киселата павлака и ориганото. Вратете ја пицата во рерна и печете дополнителни 15 минути.

Послужете со доматен сос.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 20.09.2018 07:40:21