Dave’s Kitchen: Блага пита со ванила крем

Ова е елегантна пита за чајанка или шолја кафе со вашите најблиски. Се подготвува брзо, а се јаде уште побрзо.



Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Секоја кора премачкајте ја со растопен путер и згужвајте ја, превиткајте ја во круг и ставете ја во тавче за пeчење. Секоја наредна кора редете ја така што ќе добиете круг вртена пита. Преостанатиот дел од путерот полејте го врз корите. Печете во загреана рерна на 170 степени, околу 20 минути.

Во меѓувреме загрејте го млекото на оган, а на страна изматете ги жолчките со шеќерот и екстрактот од ванила. Врелото млеко прелејте го малку по малку во изматените жолчки со постојано мешање, а потоа целата смеса вратете ја на оган да се готви уште 5 минути.



Овој ванила крем прелејте го врз врелата пита и вратете да се испече уште 20 минути на 170 степени. Посипете со шеќер во прав и уживајте.

Забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 27.09.2018 10:34:56