Кралицата на соул музиката замина во легендите

Легендата на соул музиката, Арета Френклин, почина денес на 76 годишна возраст. Пејачката почина во својот дом во Детроит по 8-годишна борба со ракот на панкреасот.



-Во еден од најтешките моменти од нашите животи, не можеме да ги пронајдеме соодветните зборови кои би можеле да ја изразат болката која е во нашите срца. Го загубивме матријархот и карпата на нашето семејство. Длабоко сме трогнати од неверојатната љубов и поддршка која ја добивме блиските пријатели, поддржувачи и обожаватели ширум светот. Ви благодариме за вашата солидарност и молитвите.



Ја почувствувавме вашата љубов за Арета и ни дава утеха тоа што знаеме дека нејзиното наследство ќе продолжи да живее. Додека тагуваме, бараме од вас да ја почитувате нашата приватност во ова тешко време, стои во официјалното соопштение од семејството.

Арета Френклин беше една од најуспешните изведувачи во музичката индустрија, продавајќи повеќе од 75 милиони албуми во текот на шест декади.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.08.2018 16:56:08