20 исчезнати по уривањето на надвозникот кај Џенова

Регионалниот јавен обвинител на Џенова, Франческо Коци денеска соопшти дека 20 лица и натаму се водат како исчезнати по уривањето на надвозникот во близина на овој град во северозападна Италија во вторникот.



- Се уште не е јасна судбината на речиси 20 лица, изјави Коци на прес-конференција во Џенова.

Ова е првпат од несреќата, италијанските власти да соопштат официјална бројка на исчезнати лица.

Во меѓу време италијанската полиција, го коригираше смртниот биланс при несреќата, соопштувајќи на бројот на загинати не изнесува 39, туку 38 лица.

Трет ден по несреќата, спасувачките тимови и денеска продолжуваат со потрага по исчезнатите под урнатините од надвозникот.

Извор:  МИА
Објавена на 16.08.2018 13:30:32