Ништо страшно, продолжуваме понатаму по зацртаниот пат

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги смета дека синоќешниот пораз од Атлетико Мадрид во Супер купот на УЕФА не треба да остави некаква трага и да биде причина за тревога.

- Нема да ја менуваме клупската политика поради овој загубен меч. Ни престојат домашниот шампионат и Лигата на шампионите и треба да се фокусираме на тие натпреварувања. Супер купот го загубивме поради наши грешки. Сепак, Атлетико заслужено го освои трофејот и ние им честитаме, изјави Лопетеги.

Новиот тренер дебитираше со пораз 2:4 по продолженија, откако основите 90 минути завршија нерешено 2:2.

Извор:  МИА
Објавена на 16.08.2018 11:56:05