Футурама

Дрон наменет за совршена подводна фотографија

Повеќето од нас ги сметаат дроновите за парчиња хардвер со пропелери кои од височина снимаат прекрасни сцени, но BW Space дронот на YouCan Robotics е нешто сосема друго.

Неговата намена е подводна фотографија и е способен интелигентно да ја следи неговата цел снимајќи прецизни слики и видео материјали.

BW Space Underwater ROV Submarine Drone Kit е втора генерација на подводен дрон од овој вид, наследник на BW1 од кого ја има наследено способноста за следење, овозможувајќи им на корисниците да го „заклучат“ дронот на одредена цел преку YouCan апликацијата (која работи на iOS и Android платформа), која потоа автоматски ја следи и снима слики и видео материјали со голема прецизност.



BW Space нуди и автоматско нагодување на светлината која тоа го прави во зависност на постоечката подводна состојба во која што се наоѓа, а опремен е со 1380lm LED светла, далечински управувач, способност за снимање на видео материјали од 30fps во 4K Ultra-HD со камера од 12MP која има способност да ротира за +45° доколку треба да сними нешто што се наоѓа под или над дронот.

Батеријата му трае до 7 часа, а може да складира до 128GB видео и статични материјали.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.08.2018 16:21:11