Македонското дерби уште на стартот во СЕХА лигата

СЕХА-лигата ги одреди датумите за сите натпревари во сезона 2018/19. Уште во првото коло ќе се случи македонското дерби меѓу Металург и Вардар.



Оваа сезона во регионалното ракометно натпреварување ќе играат 10 екипи, дебитант е Стеауа од Романија.

До крајот на годината ќе треба да се одиграат 13 кола, додека последните пет се предвидени за следната 2019 година. Завршниот турнир, фајнал-фор, ќе се игра од 5 до 7 април 2019 година.

Извор:  МИА
Објавена на 15.08.2018 15:59:01