Објавен идентитетот на осомничениот напаѓач од Лондон

Приведениот маж кој е осомничен дека со автомобил намерно удри во група луѓе пред зградата на британскиот Парламент во Лондон, е 29-годишниот Салих Хатер, соопшти денеска неименуван извор од британските безбедносни служби.



Полицијата го проведе Хатер откако вчера со автомобил прегази 15 велосипедисти и пешаци пред Парламентот во Вестминстер, по што со возилото удри во заштитната ограда околу парламентарната зграда.

- Случајот се уште се третира како тероризам, иако мотивите засега не се познати, соопшти неименуваниот извор, додавајќи дека Хатер бил британски државјанин со сомалиско потекло.

На профилот на Фејсбук на Хатер е посочено дека живее во Бирмингем, дека е шеф на продавница и оти студирал на Суданскиот научно-технолошки универзитет.

Вчерашниот инцидент беше четврти напад со автомобил во Велика Британија во изминативе 18 месеци.

Извор:  МИА
Објавена на 15.08.2018 15:04:02