Серена не е разочарана по елиминацијата во Синсинати

Американската тенисерка Серена Вилијамс ноќеска загуби од Петра Квитова во 2.коло на Мастерсот во Синсинати, САД. Таа и покрај елиминацијата е оптимист дека со напорна работа може да го достигне посакуваното ниво.



- Морам да продолжам со напорна работа. Се надевам дека многу брзо ќе дојдат и резултатите. Очекувам да почнам со победи во серија, изјави Вилијамс.

Поранешната најдобра светска тенисерка ова лето се врати на терените по отсуството поради мајчинство. На Грен слемот Вимблдон играше во финале, а на Роџерс купот во Канада се откажа.

Следен предизвик за Серена е Отвореното првенство на САД.

Извор:  МИА
Објавена на 15.08.2018 14:47:45