Желбата да се изгледа младо и покрај годините, понекогаш може да предизвика сосема поинаков ефект. Па, така подложувањето на чести хируршки интервенции некогаш целосно го менува изгледот на личноста.
Холивудската актерка, Мелани Грифит, неодамна во интервју за InStyle магазинот зборуваше за семејниот живот, нејзината кариера, а воедно и за бившите мажи.
-Сите мои мажи, моите три сопрузи –сите ги сакам, со сите сме мошне блиски, вели таа.
Сепак, она што привлекува најголемо внимание во ова интервју не е она што го зборува Грифит, туку нејзиниот изглед. По многуте естетски корекции актерката воопшто не личи на себе си. Можеби нема брчки, но по која цена?