Ретко селфи од синовите на двајцата легендарни „Битлси“

Шон Оно Ленон и Џејмс Макартни, синовите на познатите Џон и Пол од „Битлси“, објавија заедничко селфи на Инстаграм, што кај многумина ќе побуди носталгија, затоа што веднаш, дури и за оние кои не знаат, се препознава кој е кој.



Шон (лево) е единствено дете на Џон Ленон и Јоко Оно... Решил да ги следи стапките на неговиот татко, па така и тој денес е успешен соло музичар, како и продуцент на неколку познати локални групи, иако многу помалку познат од светски познатата „бубачка“, Џон, пишува „Дејли Меил“.

Џејмс исто така ја докажува теоријата дека „крушата под круша паѓа“, па и тој е автор на повеќе албуми.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.08.2018 10:52:56