Бернардо: Одбраната на титулата? Ќе биде многу тешко

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва вели дека ќе биде многу тешко „граѓаните“ да ја одбранат титулата во Премиер лигата, бидејќи сега сите противници знаат што да очекуваат од нив.



Сити во премиерниот настап од новата сезона во неделата го победи Арсенал со 2:0.

- Добро ја почнавме сезоната. Знаевме дека играме против силен противник. Ние ги заслуживме трите бода. Сепак, ова е само почеток. Мора да продолжиме да работиме напорно и одиме чекор по чекор кон одбрана на трофејот. Ние сме свесни дека тоа нема да биде лесно. Имаме многу силни ривали, кои знаат што да очекуваат од нас. Затоа, потребно е да дадеме се од себе во секој натпревар, но на крајот ќе видиме што ќе се случи, истакнува Бернардо.

Манчестер Сити во втората рунда го пречекува Хадерсфилд.

Извор:  МИА
Објавена на 14.08.2018 12:05:18