Омнибус

Емотивен момент: Светот се радува со среќата на 2-годишниот Роман

-Погледни Меги! Одам Меги!

Вака двегодишниот Роман од Канзас со полно срце му се израдува на фактот што може да оди со помош на патерици.

Oва преслатко момченце е родено со spina bifida, дефект на 'рбетниот мозок при што ' рбетот не се развива правилно.

Состојбата може да предизвика проблеми со мобилноста на телото, отежнато одење, па дури и парализа. Роман бил дијагностициран со најтешкиот тип на spina bifida уште во 20-тата недела од развојот, по што имал операција во матката во цел да  да се зголемат шансите за да може да оди.

Видеото на кое тој оди со помош на помагала за кратко доби повеќе од 23 милиони преглед на социјалните мрежи.

 



Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.08.2018 16:36:40