Футурама

Зошто сината светлина од екраните предизвикува слепило?

Кога станува збор за нашиот вид, различни бои на светлината различно влијаат на очите. Сините светлосни зраци кои имаат помала бранова должина и повеќе енергија од другите бои со тек на време можат да ги оштетат нашите очи и да придонесат за макуларна дегенерација – примарната причина за слепилото.



Сега, благодарение на тим истражувачи од универзитетот на Толедо, знаеме зошто сината светлина тоа го предизвикува, што значи дека е можно да се изнајдат начини истото да се превенира.

Сончевата светлина ги содржи сите бои од светлосниот спектар – од сина до црвена – и е нашиот примарен извор на изложеност на сината светлина. Меѓутоа, дигиталните уреди како компјутерите, телевизорите и смартфоните исто така емитираат сина светлина, а ние поминуваме долго време гледајќи директно во нив и тоа од мала далечина. Најлошото од сè е што овие уреди често ги користиме навечер во темнина, кога сината светлина најмногу ги оштетува очите.

Макуларната дегенерација е всушност смрт на фоторецепторните клетки на ретината, а за потребите на нивната студија, истражувачите решиле да го таргетираат ретиналниот молекул потребен на фоторецепторите за да тие ја чувстуваат светлината и да испраќаат сигнали до мозокот.



Во лабораторија, истражувачите ги комбинирале ретиналните со разни клетки од телото, вклучувајќи фоторецепторни клетки, неврони и срцеви клетки. Кога врз ретиналните била пуштена сина светлина, тие создавале отровни хемиски молекули кои ги убивале клетките.

Исто така било откриено дека алфа токоферолот, молекул од витаминот Е, може да ја спречи клеточната смрт, па сега научниците се надеваат дека нивното истражување би можело да доведе до третман како што се капки за очи можеби, кој би ја забавил макуларната дегенерација.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.08.2018 12:53:58