ФОТО: Клои и прељубникот Тристан во љубовна прегратка

Врската помеѓу Клои Кардашијан и кошаркарот Тристан Томпсон, во најмала рака може да се нарече комплицирана. Дури и самата Клои на роденденот на Кајли, призна дека нештата не се баш сјајни.

Сепак, парот кој се најде во центарот на прељубнички скандал откако Тристан ја изневери бремената Клои, прави сè за да ја одржи врската во живот.



Клои (34) и Тристан (27) беа забележани додека разменуваат нежности за време на својот одмор во Мексико.

Двојката изгледаше безгрижно и добро расположено, па можеме да претпоставиме дека нештата помеѓу нив полека, но сигурно се средуваат.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.08.2018 12:52:02