Среќен 21-ви роденден со среден прст од кланот Кардашијан

-Роденденско расположение! Сите полниме 21! – е коментарот кој стои под една од фотографиите кои Кајли Џенер ги објави на својот Insta профил по повод својот роденден.



Во свој стил, сите дами од К кланот позираат со среден прст. Зошто ли само тоа не нè изненадува?

Оваа година, новопечената мама го прослави роденденот носејќи го семејството на вечера. Џенер се појави со платинесто руса коса и во краток магента фустан, за потоа да се пресоблече во светкава креација.

Нејзините сестри се појавија на вечерата во исто толку секси издание, со исклучок на Клои која наместо фустан избра полежерна варијанта на облека.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.08.2018 11:17:23