Кардио трикови за успешно намалување на тежината

Доколку сакате да намалите тежина или да истопите маснотии за подобра дефиниција на мускулите, секој бодибилдер ќе ви препорача некаква форма на кардио вежби.

Еве неколку начини да го максимизирате времето потребно за овие вежби и да го забрзате прогресот.

1) Правете кардио вежби „на гладно“



Доколку успеете да станете рано, кардио вежбите правете ги пред појадокот. Вашето тело на тој начин ќе ги користи маснотиите како извор на енергија бидејќи резервите гликоген се веќе потрошени. За да нема губиток на мускулите, пожелно е да се испијат 10-20 грама протеин, но не внесувајте јаглехидрати.

2) Трчајте на отворено

Трчајте на песочна или земјена подлога – тие се потешки за трчање отколку на бетон, но се подобри за зглобовите. Покрај тоа, поради кислородот и отпорот од ветерот се трошат 3 до 7% калории повеќе отколку при трчање на затворено.

3) Тренинзи во интервали со висок интензитет (HIIT)

 

Освен доколку не е врвен атлетичар, ретко кој може долго време да издржи интензивно темпо на кардио вежбите, па така за да го подобрите аеробниот фитнес и да согорите што повеќе маснотии најдобри се тренинзи во интервали со висок интензитет (HIIT – High intensity interval training). За тоа до постигнете, периодите кога, на пример, трчате со послаб интензитет треба да се подолги (на пр. 2-3 минути), по кои треба да следи период со висок интензитет (спринтање 30-тина секунди), па повторно слаб интензитет и така во круг едно 20-30 минути.

4) Кардио пред тежински тренинг

Доколку вежбате кардио 5-10мин. пред тежинскиот тренинг, тоа ќе помогне во загревање на мускулите, а може да согорите и дополнителни 50-150 калории, во зависност од интензитетот.

5) Кардио по тежински тренинг

Бидејќи тежинскиот тренинг ги троши резервите гликоген, телото ќе ги користи маснотиите како прв извор на енергија за време на кардио тренингот потоа. Ваквата комбинација резултира со најголемо калориско согорување по завршувањето на вежбањето.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 08.08.2018 12:57:21