Омнибус

Да се покријам додека дојам? Во ред...

Доењето на јавно место е една од оние теми кои секогаш привлекуваат внимание. Додека едни сметаат дека е сосема нормално за една мајка да ги разголи градите и да го дои своето бебе, други се држат до тоа дека еден ваков интимен чин треба да биде изведен во приватност.



Без разлика на тоа кое размислување го подржувате, сигурно нема да останете рамнодушни на реакцијата на една мајка, откако била замолена да се покрие додека дои.

Наместо да ја покрие градата и нејзиното 4 –месечно бебе, Мелани Дудли, реши да ја покрие својата глава во знак на бунт кон сите оние кои ги навредуваат жените кои решиле да дојат на јавно место. Постот од покриената Мелани досега има повеќе од 98 илјади коментари и 14 илјади коментари.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 07.08.2018 13:38:44