Плисирано здолниште – летен must have

Плисираното здолниште е како создадено за летниот период. Лесно, супер модерно и во должини и бои во кои може секој да се пронајде, овој тип на здолниште мошне едноставно се комбинира како за вечерни, така и за дневни излегувања.

Многу од познатите ѕвезди го обожуваат, а една од нив несомнено е и Меган Маркл. Војвотката за венчавката на своите блиски пријатели, која се одржа овој викенд, избра фустан од Club Monaco со плисирано здолниште во четири бои кое преку ноќ стана вистински хит кај дамите кои сакаат да го копираат нејзиниот стил.





Доколку сè уште размислувате за тоа да купите вакво здолниште или пак го имате, но не знаете како да го комбинирате, водете се по следните неколку совети.

Најпрвин изберете го вистинскиот модел на здолниште во зависност од вашиот облик на тело. Ако сакате да го скриете стомакот повеќе ќе ви прилегаат здолништа кои се со пошироко плисирање. Доколку сте ниски, внимавајте должината да не ви ги скратува нозете, а ако имате облини изберете модел од што полесен материјал.

Основното правило кај плисираните здолништа е да ја потенцирате половината. Па така, сè што носите како горен дел во суштина се препорачува да се стави под здолништето, а не над него.



Кога станува збор за обувките кои што може да ги носите со ова здолниште, изборот е навистина голем бидејќи во согласност на тоа како ќе го комбинирате можете да носите балетанки, патики, високи потпетици...

Ако правите комбинација за работното место изберете кошула или летен тенок џемпер, додека за вечерните излегувања оставете ги разголените топ варијанти.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.08.2018 17:00:28