Ups she did it again: Бритни заборави каде се наоѓа

Бритни Спирс имаше непријатен момент за време на настапот на Brighton Pride, кога буквално заборави каде се наоѓа.



За ситуацијата да биде уште понепријатна пејачката се сврти кон еден од своите танчари за да го праша во кој град настапуваат. Потоа како ништо да не се случило ја поздрави публиката.

Интересно е што по предозирањето на Деми Ловато, тимот на Бритни донел одлука да не се служи никаков алкохол зад сцената. Со оглед на тоа дека пејачката има проблематично минато и е склона на испади, забраната на алкохол е превентивна мерка за нештата да не излезат од контрола.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.08.2018 12:59:33